Македонска ризница број 5

Почитувани читатели,
Петиот број на списанието ,,Македонска ризница” е само доказ дека Вашиот интерес е континуиран и растечки. Бројот на соработници и соговорници е во постојан пораст, што ни кажува дека уживаме огромна доверба помеѓу историчарите, ма
кедонистите и сите љубители на македонската историја и фолклор.
Вашите коментари, пофалби, поплаки... се само поттик за нас да продолжиме, да се подобриме во наредните изданија на списанието.
Во овој број ќе можете да се запознаете со некогашната Битола, ќе прочитате каква била македонската софра. Во интервју ќе се запознаете со еден млад македонски историчар. Го издвојуваме интервјуто со Џонатан Еван Зохар, од европската асоцијација на историчари...
Се надевам дека ќе поминете пријатни мигови со ,,Македонска ризница”
Со почит


Историчар м-р Кире Филов


http://issuu.com/makedonska_riznica/docs/makedonska_riznica_5

Македонска ризница дел од „The Internet Archive“

Почитувани читатели,

„Македонска ризница“ доби свој ISSN број од Меѓународниот ISSN центар во Париз, со посретство на ISSN центарот на Македонија. Со ова ја потврдуваме нашата сериозност во ангажманот околу овој проект и намерите тој и пон
атаму да опстојува.

Но ние тука не застануваме , нашето списание од денеска го има и во една од најголемите интернет архиви.

Нашето списание можете да го видите на следните линкови:

http://archive.org/details/MacedoniantreasuretroveN

http://archive.org/details/Macedoniantreasuretrovevolume2

http://archive.org/details/Macedoniantreasuretrovevolume3

http://archive.org/details/Macedoniantreasuretrovevolume4

http://archive.org/details/Macedoniantreasuretrovevolume5



Ви благодариме за довербата и ви ветуваме уште поголема афирмација на македонскиот бит.

„Македонска ризница“ со свој ISSN број

Почитувани читатели,

Од неодамна „Македонска ризница“ доби свој ISSN број од Меѓународниот ISSN центар во Париз, со посретство на ISSN центарот на Македонија. Со ова ја потврдуваме нашата сериозност во ангажманот околу овој проект и намерите тој и понатаму да опстојува.

Под овој број е-списанието „Македонска ризница“ официјално ќе биде заведена и ќе може да се најде во базата на податоци на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ Скопје, а се надеваме дека тоа ќе донесе повеќе читатели и ќе претставува дополнителен мотив за сите досегашни и идни соработници.


Македонска ризница број 4




Почитувани читатели
Секој почеток е тежок , но со макотрпна работа се добиваат одлични резултати. Нашето списание секојдневно добива се повеќе прекрасни соработници и соговорници кој со своите дела  го збогатуваат  и афирмираат македонскиот бит.
Во најновиот број  на „Македонска ризница „  ја издвојуваме соработката со ценетиот господин Томислав Османли , како и интервјуто со д-р Ели Луческа ,директорката на Институтот за Старословенска култура.
Како и во  претходните броеви и  овој број е исполнет со делови од нашето минато и сегашност , преточени во документи или фотографии .
„Македонска ризница„  постојано ги следи активности на нашите македонисти и големи афирматори на Македонија во светот.  Во овој број ќе се запознаеме со активностите на   македонска фолклорна група  „Охрид“ – предводена од Тунде Хатала од Унгарија
Со почит
Уредник
http://issuu.com/makedonska_riznica/docs/makedonska_riznica_4


Македонска ризница број 3

Почитувани читатели,

Пред вас е третиот број на електронското списание Македонска Ризница, а во него ќе можете да прочитате за македонскиот феудалец Добромир Хрс и за манастирот Свети Јоаким Осоговски, за Македонците и граѓанската војна во
Грција и за македонските народни танци. Ќе можете да прочитате и едно сведоштво за познатиот македонски револуционер Пере Тошев, како и статија за не толку познатиот македонски револуционер Диме Стојанов – Берберчето.

Ви подготвивме и фоторепортажа од Дојран и кусо интервју со најдобриот промотор на Македонија за 2010 година.

Во овој трет број, споредено со претходните два, ви презентираме нешто поголема доза на уметност. Ќе можете да прочитате една песна од поетесата Даница Петровска, за прв пат на страниците на Македонска Ризница објавуваме карикатура од карикатуристот Никола Анѓелкоски, а ќе можете да видите и четири слики од Роза Мојсовска. Секако, објавуваме и две нови епизоди од стрипот Светот на Бромо, со што на наше големо задоволство ја продолжуваме соработката со стрип креаторот Владо Јаневски.

Ви посакуваме пријатно читање!

http://issuu.com/makedonska_riznica/docs/makedonska_riznica_3