Македонска ризница број 17

Почитувани читатели,

http://issuu.com/makedonska_riznica/docs/makedonska_riznica_17

Во декември, дванаесеттата дванаестина од
оваа 2013 година ќе ви ја претставиме ризницата
од несекојдневни убавини, неоткриени богатства и
можности, наречена Македонија.
„Кај нас има што да се види. Нема подобар одмор
по напорна работна недела од прошетка во природа и
птичарење. Успехот да се „улови“ со поглед (уште подобро
со двоглед, фото-апарат или камера) некоја птица,
причинува огромно задоволство“... “Ние во Македонија
речиси и не погледнуваме нагоре кон паралелниот свет
на тие прекрасни суштества - птиците! Велам, паралелен
свет, зашто тие се тука - покрај нас, секаде околу нас. Тие
ја разубавуваат природата, милозвучно пеат, а ние и не
сме свесни за нивното присуство. “
Задоволство е и кога создаваш... кога со
леснотијата на допирот под твоите дланки создаваш
„доживување, приказна“, скулптура со историска
вредност. Задоволство е кога создаваш со одговорност.
Кога истражуваш и патуваш низ нечие туѓо време...
Задоволство е кога во „еден момент, барем на кратко си
целосно безгрижен и сфаќаш дека си најсреќниот човек
на светот.“
Задоволство е кога го ловиш мигот кој никогаш
повторно не ќе се случи и манифестира на ист начин...
Задоволство е кога љубиш... Искрено, чисто, во секоја
форма и големина... А „ваквите љубови секогаш, секаде
создавале приказнии и романи...“
Истражете го секое поле широко и секое море
длабоко...зашто најубавите нешта не секогаш се на видно
место пред нашите очи... Така драги читатели ве оставам
и вие да ја истражите оваа Македонска Ризница.
Сања Бежовска

No comments:

Post a Comment