Македонска Ризница број 18


Почитувани читатели,

http://issuu.com/makedonska_riznica/docs/makedonska_riznica_18

На почетокот од новогодишните и божиќни
празници во првите денови од 2014 година како најубав
можен новогодишен подарок го добивме и 18 број на
електронското списание „Македонска Ризница“, кое
илустрира еден убав дел од душата на Македонија
презентирајќи ни ги духовните, природните и културно
историските вредности на оваа наша земја.
Тука имате ексклузивна можност од прва рака
да се запознаете со творештвото на автори научници,
историчари, етнолози, археолози, и други соработници
чии имиња помалку или повеќе можеби и не ви се познати
но нивните дела се значајна алка од македонската научна
индустрија.
Сакам да упатам благодарност првично до
редакцијата, а потоа и до сите оние соработници
кои овозможија „Македонска Ризница“ да биде еден
светилник кој ќе знае на прав пат да ја насочи и просветли
научната мисла во современото море од информации.
Цицерон еднаш кажал соба без книги е како тело
без душа. „Македонска Ризница“ нека биде еден дел од
тој пламен кој ќе ви ја збогати душата и затопли срцата.
Сè што треба да направите е да отворите и да прочитате.
Среќна Нова и Честит Божиќ
Со почит Мартин Стефановски

No comments:

Post a Comment