Македонска ризница број 6

Почитувани читатели,

Уште на самиот почеток на Новата година, како со нетрпение очекувана новогодишна честитка, пред нас е најновиот број на “Македонска ризница“. Се израдував кога пред неколку месеци се појави првиот број, бидејќи списание од ваков вид и’ недостигаше на нашата читателска публика. Од број во број “Македонска ризница“ созреваше и веќе може со сигурност да се рече дека пред нас имаме списание што си го најде своето место во срцата на се пошироката читателска публика, како во Македонија така и надвор од неа - секаде каде живеат и работат Македонците и нивните пријатели.
И овој број изобилува со многу нови теми и содржини од нашата историја, интересни написи, фотографии, ликовни прилози, прозни и поетски остварувања. Убавината на ова списание е што во секој број умее да изненади со својата свежина на изборот и сето тоа благодарение на неуморната работа на малиот уреднички и издавачки тим како и на се поголемиот број соработници. Се надевам “Македонска ризница“ ќе продолжи успешно да опстојува и ќе остави траен белег во македонската издавачка историја. Ви посакувам многу пријатни мигови со најновиот број и успешна и бериќетна Нова година.

Со почит,
Владо Јаневски, соработник,
Сиднеј, 1/1/2013


Македонска ризница број 6

No comments:

Post a Comment