Македонска ризница број 27

Почитувани читатели, 


http://issuu.com/makedonska_riznica/docs/makedonska_riznica_27

Чест и задоволство ни е да ви го претставиме дваесет и седмиот 
број на е-списанието Македонска Ризница. Исто како и 
претходниот број, се чини дека и овој е посветен на поезијата,
што во голема мера е заслуга на Милица Пашовска, најновиот
член во нашата редакција. Ќе можете да прочитате три нови
песни напишани од Ирена Јурчева, редовна соработничка на
Македонска Ризница, а Милица ќе ви го претстави поетот Мики
Трајковски и ќе ви ја претстави неговата поезија.
Почествени сме од можноста да објавиме поголем број на
илустрации и стрип табли, дел од кои и ексклузивно, од
македонскиот стрип автор и илустратор Тони Анастасовски. Исто
така ви претставуваме и една талентирана илустраторка од
Финска, која што, меѓу другото, со Македонија ја поврзува една
преубава слика на античкиот крал и освојувач Алесандар III
Македонски.
Продолжуваме со превод на стари написи објавени во
американскиот весник The New York Times. Овој пат тоа е напис
во врска со „свирепиот колеж на христијаните во Македонија“ кој
се случувал „пред очите на Европските претставници“, објавен
во далечната 1905 година. Ќе можете да прочитате и превод на
напис, објавен во 1929 година во списанието Илустрација
Илинден, посветен на македонскиот револуционер Мануш
Георгиев.
Во овој број ќе можете да прочитате и цитат од првиот
претседател на Р. Словенија, Милан Кучан, а задоволство ни е
што продолжуваме со објавување на преубавите карикатури на
македонскиот карикатурист Никола Анѓелкоски. Во овој број ви
претставуваме негова портрет карикатура на прочуениот Дедо
Иљо Малешевски.
Со почит,
Александар Стеванов
издавач на Македонска Ризница

No comments:

Post a Comment