Македонска Ризница број 26

Почитувани читатели,

http://issuu.com/makedonska_riznica/docs/makedonska_riznica_26

пред вас е дваесет и шестиот број на електронското списание Македонска Ризница. Во него ќе можете да прочитате нешто повеќе за полскиот етнолог и социолог Јозеф Обребски, како и да видите дел од стотиците негови фотографии направени во Македонија кон крајот на 1932 и почетокот на 1933 година.
Во написот Егеизација?!? на нашиот соработник Ѓорѓи Ѓурчиновски, ќе можете да прочитате неколку телеграми, поврзани со судбината на Македонија и на македонскиот народ, од тајната кореспонденција помеѓу агентите на Британската Мисија кај Маршалот Тито и нивната централа во Лондон, во зимата 1944-1945 година.
Како и до сега, така и во овој број ви претставуваме карикатура од карикатуристот Никола Анѓелкоски. Овој пат тоа е портрет-карикатура на македонскиот собирач на народни умотворби Марко Цепенков.
Преку преводи на писмо објавено на почетокот од минатиот век во весникот The New York Times и извадок од колумна објавена пред нешто повеќе од една декада во The Guardian, ќе ве запознаеме и со
ставовите на два британски премиери во врска со Македонија и со препреките кои што, во соодветните периоди, ѝ се нашле на патот.
Се чини дека овој број, како ниеден број претходно, е посветен на поезијата. Ви ја претставуваме поетесата Марија Црвенковска и четири песни од нејзиниот опус, а во Петте елементи ќе можете да причитате пет песни од нашата редовна соработничка Весна Ничевска Саравинова, како и да видите исто толку нејзини фотографии.
Со почит,
Александар Стеванов
издавач на Македонска Ризница



No comments:

Post a Comment