Македонска ризница број 15

Почитувани читатели,

http://issuu.com/makedonska_riznica/docs/makedonska_riznica_15

 Во овој 15-ти број на е-списанието „Македонска Ризница“ ќе можете да прочитате интересен расказ од Антонио Павловски за една заборавена Еврејка и напис за битолската улица на ѕвончарите од Наде Геневска Брачиќ, етнолог кустос советник при Н.У. Завод и музеј Битола.

 Посебен акцент во овој број ставивме на ликовната уметност. Ќе можете да дознаете нешто повеќе за младата македонска графичка дизајнерка и илустраторка Тања Вукобрат и за нејзиното творештво, како и да видите слика со македонски мотив од познатиот босанскохерцеговачки академски ликовен уметник Тодор Швракиќ. И во овој број, како и во повеќето предходно, Ви претставуваме преубава карикатура од нашиот редовен соработник карикатуристот Никола Анѓелкоски, а ќе можете да видите интересни фрески од една црква во скопското село Бањани, како и две икони со непроценлива вредност од Музејот на Македонија.

 За вас направивме и две исклучително интересни интервјуа - едното, со познатиот српски мултиталентиран уметник Борислав Станоевиќ, го направи Весна Ничевска Саравинова, а другото, на тема бајачи и гатачи е со Протоерејот Златко Ангелески.

Се надеваме дека ќе уживате во читањето на овој број.

Александар Стеванов
Сашо Гачев

No comments:

Post a Comment