Македонска ризница број 12

Почитувани читатели,

Историјата на еден народ е светилник на времињата минати што го осветлува чекорењето на народот по патиштата на иднината. Оној што не ја познава историјата на својот народ е слеп патник што личи на отпадник кој не го сака својот и туѓите народи.

Списанието „Македонска Ризница" тежнее да биде дел од светлината во светилникот на македонскиот народ. За таа цел во изминатиот период започнавме соработка со признати историчари, етнолози и антрополози од Македонија, со цел списанието да има своја научна вредност.


Со својот уметнички талент многумина ценети писатели, поети и сликари ги збогатија страниците на „Македонска Ризница".

Овие изминати прекрасни дванаесет месеци се мотив плус за издигнување на списанието на уште поквалитетно ниво, за бројни нови соработници и соговорници со една единствена цел-афирмација на македонската историја и културната традиција преку страниците на „Македонска ризница".

Во името на редакцијата и во мое лично име сакам да потенцирам дека сме среќни што со несебичната помош на многу луѓе имаме чест пред Вас читателите да го претставиме дванаесетиот број на „Македонска Ризница".
 
Благојче Андонов

Македонска ризница број 12

No comments:

Post a Comment