Македонска ризница број 11

Почитувани читатели,

Пред Вас е новиот, единаесетти број на "Македонска Ризница".

"Македонска Ризница" е електронско списание што скоро цела една година опстојува пред се' заради несебичната поддршка на сите наши автори и соработници, чиишто нај разновидни содржини сепак во себе го имаат заедничкиот именител - Македонија.
 
 
Во таа насока, можете да бидете сигурни дека содржините и на овој единаесетти број не отстапуваат од таа навидум тесна, а всушност мошне широка и неисцрпна тематска рамка.
 
Би сакале да најавиме дека на сите досегашни автори и соработници "Македонска Ризница" за следниот јубилеен дванаесетти број им спрема едно специјално изненадување.
 
Воедно, како редакција сакаме да ја искористиме оваа прилика за да ја потенцираме нашата отвореност за соработка со сите оние што сметаат дека нивните авторски дела може да се најдат на нашите страници.
 
Искрено се надеваме дека секој наш читател и во овој единаесетти број ќе пронајде нешто ново и интересно.
 
Затоа препорачуваме: отворете, прочитајте, споделете
 

No comments:

Post a Comment