Македонска Ризница број 28

Почитувани читатели,

http://issuu.com/makedonska_riznica/docs/makedonska_riznica_28

Со огромна радост ви го претставувам новиот дваесет и осмиот број
на овој прекрасен, мал трезор од богатства, кој има многу да понуди
за сечии очи.
Александар Стеванов ќе ви раскаже за посетите на американскиот
етнолог Џоел М. Халперн, кој ја посетил токму нашата малечка
земја. Збогатено со многу фотографии кои навистина вреди да ги
погледнете. Од друга страна пак, Гоце Панговски преведе натпис за
македонската борба за слобода, кој датира од 1903 година, а истиот
бил објавен во „New York Times” на 6ти декември, истата година.
Потоа веќе на следната страница ќе ги стоплите душите со поезијата
на поетесата Марија Бојкова, а веднаш потоа ќе имате можност да
ја видите портрет карикатурата на Ѓорѓи Сугарев, изработена од
нашиот редовен соработник Никола Анѓелкоски.
Македонија е на Македонците и токму ние сме тие кои треба да
одлучиме дали таа како таква ќе успееме да ја зачуваме за нашите
идни поколенија. „Македонија е Македонија и Македонија ќе си
остане. Потребно е да се прекине со оваа игра,” вели Даниел
Кон-Бенедит и тој додава цитирам „Во однос на спорот со името,
отсекогаш имам едноставна позиција.” Зарем и би можеле ние да се
претставиме под друго име, освен под она што ни го оставиле нашите
дедовци?
Одговорот пронајдете го низ низата културолошки написи кои
списанието Македонска ризница ви ги претставува во секој број.
Александар Стеванов токму и затоа го преведе натписот посветен
на македонскиот револуционер Кузо Стефов, објавен во списанието
„Илустрација Илинден”.
Кон крајот на овој број, кој е само почеток во низата која следи,
прочитајте го написот за македонската песна Шар Планина од
авторот Благојче Андонов. Потоа следуваат уште неколку поетски
песни од опусот на поетесата Нада Алексоска.
Се надеваме дека ќе уживате во овој број, исто толку колку што и ние
уживавме додека ја ткаевме оваа ризница за вас.
Со почит,
Милица Пашовска

No comments:

Post a Comment